Груевски прашува: Ќе имало храна, струја и греење!!!? Што е следно? Вода и воздух?
До кое дереџе дојде Македонија!!!? Премиерот се бори да има храна оваа зима, и гордо соопштува на народот дека храна ќе има!!! Ако некој низ Европа ова го прочита, првата помисла ќе биде дека тоа е изјава на премиерот на Етиопија или некоја друга африканска држава а не Македонија, вели поранешниот премиер Никола Груевски.
„Едно време се гордеевме дека ќе има ваучер за бесплатен компјутер/лаб топ за сите бруцоши, пари за секое семејство кое ќе добие трето дете или субвенции за странски туристи и нови линии на ниско тарифни авио компании, со кои Македонија се поврза со многу градови и држави. Автопати, возови, голем број нови фабрики и работни места донесени од нас со наш директен ангажман, нови економски политики и убедување, а сега битката е…за храна
Плус горди сме сега дека ќе има струја и греење.
Дали ќе има храна во моментот е прашање само во земјите во Африка. Во Европа тоа не е тема.
Исто е и за струјата. Во ниту една европска земја во моментот нема тема во јавноста дали ќе има струја, само цената е дискусија, која веќе паѓа, како што паѓа и цената на гасот онака како што прогнозираше финасиската корпорација Голдман Сакс уште на почетокот на септември кога изјавија дека во текот на зимата штом ќе се свати дека Европа се снашла со гас, цената ќе почне да паѓа. Таа веќе паѓа а уште зимата не е простигната.
Дали ќе има (доволно гас за) греење, беше тема во Европа кратко време, неколку месеци, но веќе неколку недели тоа воопшто не е тема одкако Европа има проблеми со вишок на гас бидејќи нарачаа прекуумерени количини гас со бродови, па сега ги враќаат бродовите оти веќе немаат каде да го сместат гасот.
Македонија троши гас колку една просечна цементара во Европа а премиерот и владата бара аплаузи од нацијата дека во вакви услови нашол гас.
Би можело и многу повеќе да се троши гас во Македонија, но шеста година одкако дојде актуелната власт не се доделува концесија на инвеститор за секундарна гасификација со што без државни вложувања ќе се изгради разгранета мрежа приклучоци на гас, која примарните гасоводи ќе ги поврзе со фабриките, приватните компании, институциите и домаќинствата.
Не се пуштаат во употреба и нема секундарна гасификација на претходно завршените гасоводи кумановско Клечовце-Св.Николе- Штип, и Штип-Радовиш-Неготино/Кавадарци. На толку многу инвестирани пари од буџетот, шест години да не сте заинтересирани од сето тоа граѓаните да добијат полза, тоа е рамно на злочин кон државата и народот.
Ниту пак полза има народот од постоечкиот гасовод Крива Паланка, Куманово и Скопје, кој им поминува “покрај дворот”.
Објавениот јавен повик за концесионери за секундарна гасификација за цела Макеоднија пред изборите во 2016 година беше сопрен. Исто како што беше сопрена и изградбата на клиничкиот центар во Скопје како и гасната централа во рамките на истиот.
Да не се сопреше се ќе беше поинаку.
Без малку се се сопре што го бевме почнале а не стигнавме да го завршиме.
Ене ги факултетите за физичка култура и ФИНКИ кај ТЦ Мавровка, стојат не допрени од тогаш, како споменици на едно време на неработење, злоба и неспособност.
Патот преку Водно до Сопиште, е целосно готов од јуни 2017 година, не го пуштивме пред заминување бидејќи се поставуваа банките од страна на патот кои еден месец подоцна се завршија.
Зошто не го пуштаат?
Од многу приземни причини, од завист и од инает бидејки е дело на нивните политички конкуренти и оти не ги бива да направат нешто подобро!
Да не зборуваме за автопатот Кичево-Охрид, 50% завршен уште во далечната 2016 година.
Двата веќе легендарни километра автопат што долго ги ветуваат и најавуваат на ветениот автопатот Скопје-Блаце кој треба да е 14 километри долг, веќе се за забавна рубрика и кога ќе го направат мислам дека ќе има повеќе смеење одколку честитки, исто како и со оној мал дел од делницата Кичево-Охрид кој уште пд пролета го најавуваат за наскоро.
Но да се вратам на темата. Не се завршуваат ни започнатите со градба гасоводи од Скопје кон Тетово и Гостивар и од Кавадарци до Прилеп и Битола.
И не се почнува градба на нови гасоводи за сите населени места да имаат пристап до гас.
Ќе имало храна, струја и греење!!!?
Што е следно?
Вода и воздух?
А какви беа верувањата…?!
П.С. Ако малку низ шега сакаме да погледнеме на македонската трагедија би рекле дека за ЖИВОТ е доволно храна, струја и греење:)“, вели Груевски.