Куба: Пет лица загинаа во судир на два брода
Најмалку пет лица загинаа кога брод во северна Куба, кој патувал за САД, потона денеска по судир со брод на кубанската крајбрежна стража.
Бродот наводно се превртел по несреќата во близина на Баја Хонда, на околу два часа од главниот град Хавана, пренесе АП.
Меѓу загинатите има и едно малолетно лице и три жени, додека 23 лица се спасени, јавуваат кубанските медиуми.
Кубанските власти соопштија дека истрагата за несреќата е во тек.
Несреќата се случила за време на најголемиот мигрантски бран од карипскиот остров во последните 40 години, предизвикан од растечката економска, политичка и енергетска криза, наведува американската агенција.
Помеѓу октомври 2021 и август 2022 година, американската крајбрежна стража пресретна повеќе од 4.600 Кубанци кои се обидуваа да стигнат до САД со брод, речиси шест пати повеќе отколку во целата 2020 година.