(ВИДЕО) Бајден со нов гаф: САД имаат 54 сојузни држави
Американскиот претседател Џо Бајден се најде на удар на медиумите и корисниците на социјалните мрежи поради новиот гаф дека САД имаат 54 сојузни држави.
Бајден на настан на Демократската партија во Пенсилванија зборуваше за законот за здравствена заштита од 2018 година, велејќи дека демократите „во 54 сојузни држави водеа кампања за одбрана на законот“, пренесуваат тамошните медиуми.
Sleepy Joe Biden claims there are 54 States in the United States of America as concerns continue to mount about his cognitive abilities.
There are 50 states in the USA 🇺🇸🇺🇸#JoeBiden #50States #ElonMusk #DonaldTrump #Trump #TRUTHSocial #USA #FreeSpeech #Biden #BidenHarris pic.twitter.com/Sq6xj9WQBY
— @realDonaldTrump – MONDAY (@altnavigation) October 29, 2022
Последниот во серијата гафови на Бајден брзо стана вирален на социјалните мрежи, каде што многу корисници се прашуваат дали тој воопшто е способен да ја води земјата.