(ВИДЕО) Индија: Расте бројот на жртви од урнатиот мост, се трага по преживеани
Бројот на загинати при уривање на пешачки мост во градот Морбу во западната индиска држава Гуџарат се искачи на 132.
Претставник на локалната влада изјави за Ројтерс дека операциите за пребарување и спасување продолжуваат и додаде дека бројот на жртви може да продолжи да расте.
Во спасувачката операција учествуваат и припадници на вооружените сили.
Мостот на реката Макчу вчера беше полн со посетители кои се собраа на фестивалот на светлата.
Властите соопштија дека повеќе од 400 луѓе биле на и околу мостот во моментот на уривањето.
Надлежните формираа петчлена комисија која ќе ги испита причините за несреќата.
Мостот е долг 230 метри и е изграден за време на британското владеење во 19 век. Тој беше затворен шест месеци поради реновирање и неодамна беше повторно отворен.