Земјотрес од 5,5 степени ја погоди границата со Перу

Од
Објавено на

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди границата меѓу Перу и Еквадор.
Во соопштението на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 136 километри, пренесе Ројтерс.
Нема извештаи за евентуални повредени или материјална штета.
