Свет

Бездомник искршил излог на Малта бидејќи сакал да го вратат назад во Србија

Бездомник од Србија искршил стаклена врата од продавница на Малта.

Миодраг Петровиќ (20) е уапсен под обвинение дека ноќта на 8 јануари оштетил лизгачка врата, со што направил штета од 472 евра.

Обвинителот во судот изјавил дека во моментот кога Миодраг бил уапсен изјавил дека пиел пиво, но не бил пијан.

„Тој то направил тоа со цел да биде вратен во неговата земја. Бил бездомник и живеел на улица. Сака да се врати во Србија“, изјавил обвинителот.

Адвокатката која му е доделена по службена должност вели дека и е жал за клиентот бидејќи е во тешка ситуација без роднини или пријатели.

Според судот тоа не е оправдување, но сепак во носењето на пресудата влијание имало и тоа што тој ја признал вината.

Петровиќ е прогласен за виновен и осуден е на 18 месеци условна казна затвор, а исто така мора да плати 472 евра за штетата во рок од 6 месеци.

Според информациите Миодраг ќе биде вратен во Србија во најкраток можен рок

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток