Свет

Србија се подготвува за предвремени парламентарни избори?

Српскиот претседател и воедно претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ синоќа на состанок со околу 3.000 членови на Извршниот одбор и на белградскиот одбор на партијата во салата „Пинки“ во Земун, меѓу другото разговарал и за вонредни парламентарни избори.

Членот на претседателството на СНС Небојша Стефановиќ, за ТВ Прва ги потврди информациите за состанокот и изјави дека Вучиќ на присутните им кажал дека одлуката за вонредните избори „не е ни лесна, ниту брза“ и дека „ треба да се гледаат пошироките интереси“.
– Ние сме секогаш подготвени за избори, но треба да видиме дали ова е добро за Србија во овој момент, истакна Стефановиќ, додавајќи дека во моментов во СНС размислуваат за она што е во интерес на Србија и кога ќе „формираат мислење“ што она што е најдобро за Србија, со тоа ќе ја информираат јавноста.

За време на говорот на Вучиќ пред членството на СНС, на самото спомнување за вонредни парламентарни избори имало бурен аплауз што беше порака на членството дека тоа го сакаат.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток