(ФОТО) Сара Jо како Дуа Липа – го прослави роденденот во тесен фустан со шлиц
Од
Објавено на
Српската пејачка Сара Јо неодамна го прослави својот 29 роденден.
Во друштво на своето момче и личен кореограф Жиго Сотлар, како и нејзините најблиски пријатели, таа со стил го одбележа големиот ден. Таа на својот Инстаграм профил објави фотографии од забавата, а како што може да се види од приложените фотографии, фустанот кој го облече за овој посебен ден многу наликува на фустанот на пејачката Дуа Липа.
„Наполнив 29 години на 29ти“, напиша пејачката
„Среќен роденден, љубов“, „Па, сите мораме да признаеме дека кога ќе го видиме Саки среќен и весел, срцето ни е топло и се чувствуваме пријатно“, беа само дел од коментарите под фотографиите.