Сара Јо го отвори Прајд во Осло
Сара Јо пееше на отворањето на Паркот на гордоста во главниот град на Норвешка и настапи пред неколку илјади луѓе во Осло.
Настапот како дел од Норвешкиот прајд, дојде по минатогодишниот концерт што Сара Јо го одржа во Копенхаген како дел од WorldPride, настан кој ги обединува членовите на ЛГБТИ заедницата од целиот свет.
По позитивните реакции на публиката во Данска, организаторите на Oslo Pride решија да и дадат можност на Сара Јо да стане првата пејачка од овие простори која ќе настапи на овој настан годинава.
Настапот на Сара Јо во Осло беше и можност за промоција на EuroPride, која ќе се одржи во Белград од 12 до 18 септември.
“Бескрајно сум благодарна за ваквите можности. Среќна сум што Белград Прајд го препозна во мене амбасадорот на Еуропрајд кој не oчекува. Публиката во Осло беше неверојатна! Драго ми е што лично имав можност да ги поканам во Белград. и да укажам дека сите се добредојдени и дека Белград Прајд, но и сите ние изведувачите подготвуваме програма за паметење!“, рече Сара.