Магазин

Chrome за iOS добива подобра заштита од малициозни сајтови

Подобрено безбедно прелистување, функција во Chrome која нуди споделување URL-адреси на сајтови со Google за одржување на база на податоци за потенцијално малициозни сајтови, доаѓа во верзијата на прелистувачот за iOS.

Споменатата функција досега беше достапна за Android и десктоп верзиите на прелистувачот Chrome, но сега Google посочува дека ќе стане достапна за iPhone и iPad со следната верзија на iOS.

Покрај безбедносната надградба, Google ја подобри и функцијата за преведување вградена во прелистувачот, исто така за платформата iOS. Напредниот модел за идентификација на јазикот попрецизно ќе препознае кога корисникот посетува сајт на друг јазик, кој треба автоматски да се преведе.

Се подготвуваат и некои промени во корисничкиот интерфејс за iOS. Chrome Actions, функција која овозможува да пристап до опциите како што се бришење на историјата на пребарување и отворање инкогнито табови со пишување (или гласовно внесување) содржина во лентата за адреси.

Google исто така ги потсетува корисниците дека е можно автоматски да се внесуваат зачувани лозинки за која било апликација за iOS во Chrome. Функцијата е достапна од октомври минатата година.

На почеток