(ВИДЕО) „Успехот на МЗТ со АБА немаше да го постигнеме без Фемили Аеродром“, вели Муцунски
Во гостувањето кај познатиот јутјубер Стефан Лазаров, Муцунски потенцираше дека е израснат во Аеродром и знае што значи МЗТ за жителите на оваа општина.
„Како човек кој што израснал во Аеродром, знам колкаво е значењето на овој клуб. Најголема грешка што може некој политичар да ја направи, е да се прави експерт за кошарка. Јас сакам да гледам кошарка на телевизија, но одлуката што ја направивме во тој момент е што ја оставивме кошарката на кошаркарите. Има нова управа тимот, има фантастичен нов тренер, имаше добар тим што беше засилен со неколку добри играчи. Заслугата е нивна не на градоначалникот. Наше е да даваме поддршка кога можеме да овозмпожуваме подобри услови. Во делот на резултатите заслугата е на играчите, стручниот штаб, управата. Мене лично ако ме прашате, резултатот со АБА немаше да го постигнеме без Фемили Аеродром. Салата беше преполна, имаше преубава енергија и мислам дека тоа беше главниот фактор кој ги мотивираше кошаркарите да постигнат резултат.“, кажа Муцунски во интервјуто.
Тој додаде дека редовно комуницира со нив, бидејќи тие се дел од Аеродром и луѓето кои ја градат спортската култура.
„Спортот е шоу бизнис и мора да се анимираат луѓето за да бидат во сала. Освен задржување на најдобрите играчи, важно е да се анимира публиката да има атмосфера и тоа е дискутирано во неколку наврати“, истакна градоначалникот и најави интересна новина. Идејата е следната година дресот на МЗТ да биде дизајниран од некој локален – аеродромски уметник.
– Раководството на тимот сака клубот да биде поврзан со општина Аеродром и со граѓаните, а нас како раководство ни е обврска тоа да им го дозволиме, нагласи Муцунски во интервјуто.