Магазин

Тоблероне ќе се произведува во Словачка

Монделез, производителот на чоколадото Тоблероне, на крајот на следната година ќе пресели дел од производството на своите култни триаголни чоколади од Швајцарија во Словачка.

Причината за тоа е планираниот силен раст и потребата од зголемување на капацитетите.

„Од крајот на 2023 година ќе го зголемиме капацитетот со додавање на ограничено производство на Тоблероне во Словачка“, изјави портпаролката на Монделез, Ливија Колмиќ во денешното соопштение, потврдувајќи ја веста на швајцарската ТВ станица SRF, пренесува Ројтерс.

Прехранбените компании се соочени со висок раст на трошоците, но Колмиќ потегот на компанијата не го врза со притисокот на трошоците, туку се осврна на планираниот силен раст на Монделез, што би значело дека компанијата ќе го зголеми производството во швајцарската фабрика во Берн.

Тоблероне првпат беше лансиран во 1908 година, а од почетокот на 1990-тите се произведува исклучиво во Швајцарија. Пакувањето ја содржи сликата на швајцарскиот Матерхорн и етикетата „Швајцарска млечна чоколада“.

Според строгите швајцарски правила за означување на производите, чоколадото направено во странство не може да се нарекува „швајцарско“.

Колмик одби да каже дали Тоблероне ќе го смени пакувањето поради тоа

На почеток