Магазин

(ФОТО) Фановите загрижени: „Шакира изгледа непрепознатливо“

Колумбиската пејачка Шакира првпат беше видена во Барселона по раскинувањето со Пике. За жал, се чини дека колапсот на љубовта придонесе пејачката да стане непрепознатлива.

Поточно, судејќи по фотографиите кои се појавија на Твитер, а кои ги споделуваат загрижените фанови – изгледа прилично уморно и скршено, загрижено.

Папараците ја „уловиле“ додека возела, а фановите тврдат дека пејачката „се распаѓа поради раскинувањето со Пике“.

Не треба да го игнорираме фактот дека нејзиниот татко неодамна беше хоспитализиран, што ја погоди пејачката.

Додека Шакира тагува, бившиот лудува на забави, а шпанските медиуми објавија дека е виден во друштво на мистериозна русокоса на прослава во Стокхолм.

На почеток