Свет

(ВИДЕО) Страшно: Се запали спортскиот центар „Арена“ во Мостар, луѓето во паника кршат стакла

Нешто по 16:00 часот избувна пожар во зградата на спортскиот центар „Арена“ во Мостар, а посетителите кои случајно се нашле таму се евакуирани, објави Н1.

Како што потврдија од противпожарна служба од босанскиот град, пожарникарите сѐ уште се на терен и работат на спречување на ширење на пожарот. Тие наведуваат дека најверојатно се запалила соблекувалната, од каде пожарот почнал да се шири и во другите простории.

На Твитер беше споделено видео од теретаната сместена во овој центар, на која се гледа како посетителите од страв кршат прозорци.

На терен се четири противпожарни возила и брза помош.

На почеток