Македонија

Продолжуваат мерките на Владата за поддршка на граѓаните и стопанството, вели СДСМ

Продолжуваат мерките на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски за поддршка на граѓаните и стопанството во време на светска економска и енергетска криза, вели СДСМ

„Компаниите кои произведуваат основни прехранбени производи, ќе набавуваат поевтина електрична енергија

Односно, компаниите што произведуваат основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и компании од месната и живинарската индустрија ќе плаќаат електрична енергија по цена од 80 евра за мегават час.

Тоа е повеќе од двојно поевтино од редовната цена на пазарот за мегават час.

Оваа мерка на производителите на основни прехранбени производи ќе им овозможи да имаат предвидливост, стабилна и поевтина струја, што ќе влијае и врз стабилизирање на цените на финалните производи кои се произведуваат и се продаваат.

Со ваква цена на електричната енергија, крајните цени за потрошувачите треба да се намалат за најмалку 10 отсто.

Тоа значи пониски цени за граѓаните, односно заштита на нивниот животен стандард и куповна моќ.

СДСМ, преку владата и институциите што ги предводи не остава никого сам во време на светска економска криза, грижата за сите продолжува“, се вели во соопштнеието.

На почеток