Осуденик од Идризово на слобода, а друг прободен: Ќе го разреши ли некој директорот Шпенд Тахири
На 28.10.2022 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за Криминалистичка полиција во соработка со Специјалната антитерористичка единица Тигар, СВР Битола, СВР Скопје и ОВР Струга беа преземени низа мерки и активности и притоа во Ресен е лишен од слобода Л.Г. (28) од Струга, по обезбедени материјални докази дека е инволвиран во извршување на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик.
При приведувањето, Л.Г., кој од претходно е осуден за нелегална трговија со дрога и требало да биде во казнено-поправна установа, се обидел да избега и при тоа оштетил две службени возила, а повредени се и двајца полициски службеници, со што извршил кривично дело „напад на службени лица при вршење на работи од безбедноста“. Но, бил совладан и приведен, а известен е и јавен обвинител од ОЈО Битола.
Но, нејасно е како ова лице издржува затворска казна од 7 години во „Идризово”, а го наоѓаат и апсат во Ресен?
Л. Г. бил осуден на 7-годишна затворска казна за продажба на дрога, во друга судска постапка.
Дрогата била фатена уште на 14 септември, “затвореникот” Л.Г. бил фатен дури вчера.
„Л.Г. и А.А. заедно со Б.П. (36) и С.Д. (кои се претходно приведени и одредена им е мерка притвор) договориле купопродажба на 490 грама марихуана, која ја извршиле на 14.09.2022 во близина на Катлановска бања. Истиот ден полициски службеници на наплатната станица Сопот сопреле возило „фиат пунто“, управувано од С.Д. при што во возилото е пронајдена дрогата. Против лицата е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје поради извршено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” предвидено по чл.215 од Кривичниот законик“, информираат од МВР.
Поминаа четири дена од објавата на оваа вест, а директорот на затворот „Идризово“, Шпенд Тахири се нема огласено во јавностА во врска со овој настан.
Освен од директорот, објаснување нема ни од управата за санкции.
Неодамна затвореник од КПУ Идризово беше прободен со остар предмет од страна на друг затвореник, и истиот се лекуваше на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Исто така при претреси на ќелии беа пронајдени предмети кои не се дозволени.
И покрај овие скандали, директорот на КПУ „Идризово“, Шпенд Тахири молчи и нема одговорност.