Магазин

Илон Маск ги потврди гласините, Твитер ќе наплаќа

Новиот сопственик на Твитер, Илон Маск, ги потврди веќе актуелните гласини во вторникот, објавувајќи дека од проверените сметки ќе се наплаќаат по 8 долари месечно за да се задржат сините ознаки за верификација кои ја покажуваат нивната автентичност.

„Сегашниот систем на господари и селани на Твитер за тоа кој има или нема сина ознака е срање.“, напиша Маск на Твитер.

„Моќ за луѓето! Синo за 8 долари месечно“, додавајќи дека цената ќе се приспособи по земја, според куповната моќ.

Маск наведе и неколку други карактеристики што ќе ги добијат претплатниците на услугата Blue, вклучително и „приоритет во одговорите, спомнувањата и пребарувањата“, што според него е „суштинско за да се победи спам/измама“.

Претплатниците, исто така, ќе добијат можност да прикачуваат „видео и аудио клипови со долги форми“, да гледаат само половина повеќе реклами од претходно и да добијат можност да ги заобиколат ѕидовите за плаќање со „издавачите кои се подготвени да работат со нас“.

Тој додаде дека ова „ќе му даде на Twitter прилив на приходи за да ги награди креаторите на содржина“, пренесува Sputnik.

На почеток