Магазин

Пике купил земјиште за да изгради луксузен хотел, но на него пронашле 250 гробници

Фудбалерот Жерар Пике пред седум години купил земјиште на Коста дел Сол за да изгради луксузен хотел.

За земјиштето платил околу 20 милиони долари.

Сепак, проектот е закочен бидејќи на имотот на Пике се пронајдени 250 гробници. Ќе треба да се направат истражувања за да се утврди од кој век се тие.

„Ископавме околу 250 гробници, од кои повеќето се празни“, изјавил археологот Алберто Кумпиан, пишува Marca.

„Можно е гробовите никогаш да не биле користени и да не се доволно вредни за да бидат зачувани. Тоа е едно од најголемите гробишта во земјата“, додаде тој.

Според археолозите, проектот треба да добие одобрение да продолжи со работа во јануари 2023 година. Тој смета дека не треба да има дополнителни компликации за да се изгради нешто на имотот.

На почеток