Роде: „Потребен е здрав разум во однос на регистарските таблички“
Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде, изјави дека на Европската унија и на Квинта секогаш им било јасно дека Косово има право постепено да ги укинува табличките КМ, но и за подолг преоден рок за таа активност, односно вкупно 12 месеци. Како што изјави, тие и понатаму сметаат дека треба да се следат нивните совети.
Роде на Твитер изјави и дека е потребен поздрав разум кога се во прашање регистарските таблички.
– Ние како Европска Унија и Квинта отсекогаш бевме јасни дека Косово има право постепено да ги укинува КМ и сличните таблички. Ова е во согласност со бриселските договори. Исто така, секогаш сме биле гласни за подолг преоден рок (вкупно 12 месеци) како што е предвидено во споменатиот договор, со цел прагматично да ги решиме преостанатите технички прашања. Сè уште веруваме дека нашите совети треба да се следат. Но, би сакал и претставниците на косовските Срби да придонесат конструктивно за деескалација. На пример, со објаснување на косовските Срби дека реалноста е дека на Косово мора да се користат косовски регистарски таблички – напиша Роде на Твитер.
2/3 We likewise have always been vocal about a longer transition period (12 months in total) as foreseen in the said agreement, also to solve remaining technical issues pragmatically. We still think our advice should be followed.
— Ambassador Jörn Rohde (@GermanAmbKOS) November 1, 2022