Свет

Путин призна: „Ситуацијата е тешка и нестабилна“

Рускиот претседател Владимир Путин ситуацијата во светот ја нарече сложена и нестабилна.

Тој ова го рече во својот поздравен говор пред учесниците на десеттиот состанок на секретарите на Советот за безбедност на ЗНД

„Денес, меѓународната средина е сè уште сложена и нестабилна. Во овој поглед, важно е целосно да ги искористите моќните аналитички и предвидувачки ресурси на вашите структури за сеопфатна анализа на ситуацијата во областа на ЗНД и да ги идентификувате потенцијалните предизвици и ризици“, пренесе РИА Новости.

Путин објасни дека врз основа на овие ресурси треба да се донесат одговорни одлуки во областа на информациската и биолошката безбедност, како и борбата против теророт и нарко-бизнисот.

На 26 октомври, при обраќањето пред шефовите на делегациите на состанокот на Советот на шефови на безбедносните агенции и специјалните служби на земјите од ЗНД, рускиот лидер истакна дека потенцијалот за конфликти во светот се уште е многу висок.

На почеток