Свет

Експлозија во рудник, најмалку пет лица загинаа

Најмалку пет лица загинаа, а четворица се повредени во експлозија во рудник за јаглен во централен Казахстан, соопшти Министерството за вонредни ситуации.

Несреќата се случила во Шахтинск, во рудникот Ленин што му припаѓа на Арцелор Митал, пренесува РИА Новости.

106 лица се евакуирани од рудникот, а четворица повредени се хоспитализирани, соопштија властите.

Околностите за несреќата се утврдуваат, соопштија од министерството.

На почеток