„Терористичките групи планираат напад со дрон“, вели Јегоров
Терористичките групи „Џабхат ал Нусра“ и „Исламска партија на Туркестан“ подготвуваат напад врз воздухопловната база Хмејмим во Сирија.
Нападот бил планиран со употреба на офанзивни дронови и беспилотни летала камикази, изјави на брифинг заменик-шефот на рускиот Центар за помирување на непријателските страни во Сирија, генерал-мајор Олег Јегоров.
Тој посочи дека во работилниците во областа Хербет ел Џавз се завршени монтажата и подготовките за употреба на голем број беспилотни летала, кои оперираат во пречник до 70 километри.
Се претпоставува дека, според планот на терористите, благодарение на употребата на голем број беспилотни летала може да се пренасочат руските системи за противвоздушна одбрана и да биде погодена воздухопловната база Хмејмим.