Некатегоризирани

Скандал во Германија, министерката нареди да се исечат етикетите од униформите

Германската армија доби илјадници нови маскирни униформи со проблематична големина „СС“, што потсетува на нацистичкото минато, објави „Билд“.

Имено, станува збор за кратенка која потсетува на нацистичките единици „Шутцтафел“.

Берлинскиот весник наведува дека спорниот „СС“ најверојатно се однесува на големината „S“.

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт им наредила на војниците да ги исечат етикетите од униформите, односно доколку етикетите содржат важни информации, тогаш само делот каде што е означена големината.

На почеток