Постигнат договор со Беса на Касами, вели Костадин Костадинов, пратеник од СДСМ.Тој не открива како е дојдено до компромис и најави соопштение. Исто така Костадинов демантираше дека се врши притисок врз пратениците. Се уште нема информации кога ќе почне седницата која во текот на денот се одложува.
Неофицијално компромисот ќе биде интервенција со актуелната формулација за државјанството коешто стои во документите на албански јазик во уставниот закон. Договорот е барања на Беса да бидат вградени во закони, а не во Уставот.