Актуелно

Популарно чоколадо можеби веќе нема да се произведува

Британски Марс го отстранува популарното чоколадо Bounty од својата божиќна амбалажа, пишува BBC.

Истражувајќи го пазарот во Велика Британија, дошле до резултат дека 40 отсто од луѓето мразат чоколади исполнети со кокос, пренесува Индекс.

Тие го започнаа истражувањето по минатогодишната акција, откако, поттикнати од податоците што веќе ги имаа, им кажаа на клиентите на мешани пакувања слатки дека можат да вратат Bounty чоколади ако не им се допаѓаат. Голем дел од овие чоколади беа вратени, а само 18 проценти од клиентите рекоа дека им се допаѓаат, а повеќето од тие клиенти беа над 55 години.

Марс сега треба да одлучи дали ќе продолжи да го произведува Bounty во Велика Британија. Веќе некое време не се продава во Америка, а синџирот Tesco ќе издаде пробна серија божиќни чоколадни плочки наречени No Bounty. Лимитираното издание на божиќните мешани чоколади ќе содржи Mars, Snickers, Milky Way, Galaxy и Maltesers.

„Минатата година им дадовме можност на клиентите да ги вратат своите баунти чоколади. Сега, по реакциите на јавноста, се обидуваме целосно да ги отстраниме“, рече менаџерката на компанијата Емили Овен.

На почеток