Бардела: „Европските народи се креваат против империјалистичкиот модел“
Од
Објавено на
Европските народи се креваат против империјалистичкиот модел наметнат од институциите на ЕУ, изјави новиот лидер на француската партија Национален митинг, Џордан Бардела.
Француската партија Национален собир денеска го избра Бардела (27) за нов претседател.
„Еден по еден, во Франција, Шведска, Шпанија, Унгарија и сега во Италија, европските народи се креваат насекаде, а поддржувачите на суверенитетот, кои ги бранат интересите на државите и народите низ нашиот континент, се здружуваат. Тие се бранат себеси против Европската комисија, која ја наметнува својата империјалистичка визија“, рече Бардела за време на внатрепартиското обраќање, пренесува ТАС С.