Македонија

Заев: Менувањето на ставови носи прогрес, точно е јас го променив мојот став

Премиерот Зоран Заев и се обрати на пратеничката Елизабета Кнческа Милевска и изјави дека уште од почетокот на преговорите секоја информација ја споделувал со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Најлесно е да го избегнете овој процес и да се скриете. Вашата партија ВМРО-ДПМНЕ е за ЕУ и НАТО. Вашата партија знае дека подобар договор не може да се постигне.

Во април 2018 повеќе Мицкоски не сакаше да дискутира на таа тема. Иако знае што ни се случува во регионот, иако и тој се родил пораснал и е тука сите овие гоодини кога Македонија се мачи, тој го избегна целиот процес.

Имавте храброст да се вклучите во овој процес. Менувањето на ставови носи прогрес. Точно е јас го променив. Едно решение за внатре едно за внатре, носи нови проблеми. Ако имавме споено име можеби ќе постигневме друго решение. Законикот и Уставот се подобрени, а вие се боревте за да се сочува тоа што е важно а тоа е државјанство македонско”, изјави Зоран Заев.

 

На почеток