Трамп: „Голема најава“ следната недела


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп на политички митинг во Охајо рече дека ќе даде „голема објава“ на 15 ноември.
Притоа тој посочи дека веќе следната недела ќе ја објави својата кандидатура за претседателските избори во 2024 година.
„Ќе дадам многу голема објава во вторник, на 15 ноември во Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида“, им рече Трамп на приврзаниците во понеделникот на митингот за републиканските кандидати пред денешните среднорочни избори во САД, според Ројтерс. .
Трамп одби да даде повеќе детали по тој повод и објасни дека не сака „да го одвлече вниманието од утрешните многу важни, дури и клучни избори“.
Американците денеска гласаат на избори кои би можеле да резултираат со преземање на контролата врз еден или двата дома на Конгресот од страна на републиканците.
Независните аналитичари предвидуваат дека републиканците најверојатно ќе освојат уште околу 25 места во Претставничкиот дом, што е повеќе од доволно за да имаат мнозинство, а исто така би можеле да освојат и едно дополнително место во Сенатот што им е потребно за да го контролираат овој дом на американскиот Конгрес.
Американскиот претседател Џозеф Бајден во понеделникот предупреди дека победата на републиканците може да ги ослаби демократските институции во САД.
