Украина протестира против намерата на миланската Скала да ја изведе руската опера „Борис Годунов“


Андриј Картиш, кој раководи со украинскиот конзулат во Милано, испрати писмо до директорот на миланската опера „Скала“ и до локалните политички лидери протестирајќи против плановите за поставување на руската опера „Борис Годунов“ следниот месец.
Картиш рече дека таквите претстави не треба да се користат за поддршка на „потенцијалните елементи на пропагандата“, објави Анса, пренесе Ројтерс.
„Борис Годунов“ е компонирана од Модест Мусоргски во 19 век.
Руски бас и сопран, Илдар Абдразаков и Ана Денисова ги добија главните улоги во претставата, која на почетокот на декември ја одбележува новата сезона на Скала.
Тој настан се карактеризира како еден од најважните во италијанскиот културен календар.
Картиш ја обвини Русија дека ја користи културата за да ги зајакне своите тврдења за големина и моќ, по нападот врз Украина во февруари.
Неколку здруженија што ги претставуваат Украинците кои живеат во Италија исто така протестираа против изборот на класичното дело на Мусоргски во тоа време. Тие повикаа да се постави втора опера и да не се изведуваат руски дела додека не заврши војната.
Уметничкиот директор на театарот Доминик Мајер рече дека кога ја претставил програмата во јуни, не планирал културен бојкот на Русија.
Никој од Скала денеска не зборуваше. Извор запознаен со состојбите вели дека е доцна да се сменат одамна поставените планови за вечерта на премиерата, со веќе поставена сценографија.
