Македонија

Спасовски за Алсат-М: Намален криминалитет, зголемената откривачка дејност на полицијата, уништени над 10,3 тони дрога

Министерот Оливер Спасовски во интервју за Алсат – M за борбата против криминалот, организираниот криминал, трговијата со дрога и оружје потенцираше дека сите овие аспекти се од стратешки приоритет на МВР и од 2017 досега континуирано се бележат значителни подобрувања на сите состојби во делот на безбедноста и криминалитетот, факти кои што ги констатира и Европската комисија во своите извештаи.

„Оваа година, ако направиме споредба, ќе видиме дека имаме намалување од 8,3% на вкупниот криминалитет во државата, во споредба со истиот период лани. Ние практично од година во година влегуваме со резултати коишто биле најдобри во последните 30 години. Меѓутоа тоа е само мотив за да дојдеме до навистина посакуваните резултати“, потенцираше министерот Спасовски зборувајќи за ефикасноста на полицијата во борбата со организираниот криминал, корупцијата и трговијата со оружје.

Тој уште еднаш го истакна фактот дека неодамна јавноста беше сведок на најголемото уништување на дрога според количината, поточно над 10,3 тони, како резултат на посветената работа и големиот број полициски акции во овој сегмент, со пресечени повеќе меѓународни канали на трговија со дрога, на кои Македонија им била транзит земја, посочувајќи дека овие значајни резултати остануваат како дополнителна мотивација за продолжување на бескопромисната борба со сите видови на организиран и меѓународен криминал.

На почеток