Лавина од коментари на социјалните мрежи предизвикаја денешната седница на која беа изгласани уставните измени. Клетви, неверување од една страна и среќа и задовлство од друга страна. За едните Македонија почина денеска, за другите земјава конечно тргна да го оди вистинскиот пат.
Проклети да сте предавници е најчестиот пост кој се постира вечерва, или пак оној каде тагува за починатата земја.
