Свет

Силен земјотрес во близина на брегот на централно Чиле

Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на брегот на централниот дел на Чиле, соопшти утринава Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот се наоѓал во близина на брегот на регионот Биобио, на длабочина од 20 километри, соопшти EMSC, пренесува Ројтерс.

Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени.

На почеток