Актуелно

Втор круг претседателски избори денеска во Словенија

Во Словенија денеска се одржува вториот круг од претседателските избори на кои се натпреваруваат Анже Логар и Наташа Пирц Мусар, која ја има поддршката од левицата.

Граѓаните денеска треба да го изберат петтиот претседател на Словенија, а доколку победи Пирц Мусар, таа ќе биде првата жена на таа функција.

Поранешниот словенечки министер за надворешни работи, Логар (46), кандидат на опозициската СДС Јанеза Јанша, во вториот круг ќе се натпреварува со Пирц Мусар (54), поранешен новинар и адвокат специјализиран за заштита на лични податоци, кој ја бранеше и Меланија Трамп, пренесува Хина.

Во првиот круг Логар освои 33,96 отсто од гласовите, а Пирц Мусар 26,85 отсто.

Пирц Мусар влезе во претседателската трка затоа што смета дека нејзиното искуство, знаење и активности во јавниот живот, како борбата за човекови права и против сиромаштијата, покажуваат дека најдобро може да му служи на државниот интерес и дека нема да молчи за неправилностите во општеството, вели Хина.

Со нетрпение го чекам финалето, изјави Пирц Мусар по првиот круг, оценувајќи дека е дојдено времето за првата жена претседателка на Словенија и дека гласачите покажале дека не ги слушаат диктатите на партиите. .

Таа вели дека постојано живее според истите вредности и дека со децении е поддржувач на ЛГБТК+ заедницата и правото на слободна одлука за породувањето, секогаш борејќи се за сите човекови права.

Анкетата на Младина покажа дека Наташа Пирц Мусар е широко поддржана од симпатизерите на сите три партии од владејачката коалиција (Движење за слобода, Социјалдемократи – СД и Левица), како и оние кои се неопределени, наведува Хина.

Логар, кој е поддржан од симпатизерите на десничарските партии, СДС и Нова Словенија (НСи), би бил погоден, во овој поглед, со малку помал одѕив.

Во првиот круг од изборите излезеноста на гласачите беше 51,06 отсто.

Ќе се гласа од 7 до 19 часот на повеќе од 3.000 избирачки места низ Словенија.

На почеток