Свет

Голема победа на Бајден

Со победата во Невада, американските демократи ги освоија потребните 50 места во Сенатот и со тоа ја задржаа контролата над горниот дом на американскиот Конгрес.

Кетрин Кортез Масто, актуелниот сенатор од сојузната држава Невада, победи на среднорочните избори одржани на 8 ноември против републиканецот Адам Лаксалт и ќе остане на таа позиција во следните шест години, објавија американските медиуми.

Иако Лаксалт беше главно во водство од изборната ноќ, броењето на гласовите по пошта беше клучно.

Овој резултат од Невада, заедно со победата на Марк Кели во Аризона, им овозможи на демократите да стигнат до 50 сенаторски места. Републиканците во моментов имаат 49 сенатори.

Се уште не е познат исходот од трката во Грузија, каде на 6 декември ќе се одржи вториот круг од изборите.

Дури и ако републиканецот Хершел Волкер го победи актуелниот сенатор Рафаел Ворнок, односот на силите во Сенатот ќе биде 50-50, но демократите ќе имаат предност бидејќи американскиот потпретседател Камала Харис, кој е член на Демократската партија, го има одлучувачкиот глас.

На почеток