По изгласувањето на уставните амандмани во Собранието, Министерот за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати на Твитер напиша дека придонесот на албанските политички партии во Македонија уште еднаш се покажал како одлучувачки фактор.
„Конечното гласање на Преспанскиот договор во Парламентот на Македонија претставува јасна потврда на политичката способност за деблокирање на патот кон НАТО и ЕУ. Придонесот на албанскиот политички фактор повторно се покажа како одлучувачки фактор. Честитки“, напиша Бушати.