Стојанче Стоилов не издржа, објави емотивен коментар на својот профил на социјалната мрежа фејсбук. Тој напиша:
„Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!!
Срам да ни е на сите….
За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА“ !!!
Ментално нестабилни сме сите у државава што дозволуваме вака да ни прават !!! Срам да ни е на сите…. За мене секогаш ќе биде МАКЕДОНИЈА !!!
Posted by Stole Stoilov on Friday, January 11, 2019
Инаку македонскиот пикер Стојанче Стоилов, денеска беше прогласен за најдобар играч на средбата каде Македонија ја совлада Јапонија на светското првенство во ракомет.
Стоилов е мошне емотивен кога ќе се спомене Македонија и македонскиот идентитет. На крајот од месец декември македонскиот ракометен репрезентативец, Стојанче Стоилов демонстративно си замина од манифестацијата на Агенцијата за млади и Спорт, „Спортист на годината“ затоа што за прв пат годнава на оваа манифестација се боруваше и на албански јазик.