Aвстрискиот канцелар Себастијан Курц, преку својот Твитер профил го поздрави изгласувањето на уставните измени.
„Усвојувањето на уставните измени од Парламентот во Скопје денеска е многу охрабрувачки и голем чекор напред во процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ. Се надеваме дека со ова се создава позитивен импулс во целиот регион. ЕУ е комплетна кога сите земји од Западен Балкан се приклучија“, напиша Курц.
Adoption of the constitutional changes by parliament in #Skopje today very encouraging and a major step forward in #North–#Macedonia’s #EU accession process.
— Sebastian Kurz (@sebastiankurz) January 11, 2019