Свет

Закажан итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска апелираше да се избегне ескалација во Украина поради ракетна експлозија во Полска во која загинаа две лица.

„Генералниот секретар е многу загрижен поради извештаите за ракета што експлодира на полска територија. Апсолутно е неопходно да се избегне ескалација на војната во Украина“, рече Фархан Хак, заменик портпарол на генералниот секретар на ОН, во изјавата.

Гутереш упати сочувство до семејствата на жртвите, пренесе Тас.

„Генералниот секретар се надева дека ќе биде спроведена темелна истрага“, изјави заменик портпаролот на генералниот секретар на ОН.

За денеска е закажан состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина, кој дефинитивно ќе се фокусира на полскиот инцидент, напиша првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН Дмитриј Полјански на својот канал Телеграм.

На почеток