Воени лидери: САД ќе ја поддржат Украина се додека е потребно
Соединетите Држави ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината одбрана од Русија се додека е потребно.
Ова го изјавија водечките воени лидери на Америка, нагласувајќи дека Киев треба да одлучи кога и како ќе преговара со Москва.
„Украина ќе продолжи да се бори. Нема да отстапи. Украина беше слободна и таа сака да остане така“, изјави генерал Марк Мили, началник на Здружениот Генералштаб на американската војска, пренесе Ројтерс.
Мили и секретарот за одбрана Лојд Остин рекоа дека САД ќе ја поддржат Украина „се додека е потребно“.
Портпаролката на Советот за национална безбедност на САД, Адриен Вотсон, изјави дека полската прелиминарна проценка за проектилот што падна на полска територија и уби две лица во вторникот вечерта не е во спротивност со проценката на САД и дека најверојатно падот на проектилот бил резултат на украински противвоздушен систем.