Македонија

Афера Паразити: Над 2 милиони евра тежат хонорарите и платите за само 11 функционери, за нив нема криза и штедење

Владата бара од граѓаните да штедат, да готват во помали тенџериња, се правдат дека нема пари за стопанството, нема пари за здравството, земјоделството, студентите, ама затоа не им ги чепка баснословните хонорари и плати на своите функционери, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Вчера објавивме дека само тројца функционери ја чинат Македонија околу 500 илади евра за еден мандат.

Кире Наумов како директор на македонската банка за обнова и развој зема 2.500 евра, или за еден мандат ќе инкасира 120.000 евра. Директорот на АЕК во услови кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај има месечна плата од над 2000 евра или 30.000 евра годишно. Во Телеком пак, кај што Владата има свој удел Славко Пројковски како финансиски директор има плата од над 6000 евра, односно за еден мандат добива дури 288.000 евра.

Ако на овие плати ги додадеме и надоместоците на функционерите кои претходно беа обелоденети во аферата Паразити, како што се тие на Жерновски, Љушев од Телеком, Станкоски од Тутунски комбинат, Хамиди и Крстевски од М-нав, Тунтев ид Цивилно воздухопловство, Ѓорѓиев од ПУИК, Зиков од МЕПСО, тогаш доаѓаме до фантастична бројка од над 2 милиони евра за еден мандат за 11 функционери.

Колку семејства може да живеат со 2 милиони евра?

Колку студенти може да се прехранат?

Колку медицински апарати и лекови може да се набават?

Аферата Паразити го откри лицемерието на оваа власт на СДС и ДУИ. Оваа афера покажа дека за елитата на власт нема криза. Паразити покажа дека лажните социјалдемократи кркаат дебели хонорари додека народот гладува. Аферата Паразити и денес ќе открие нови случаи на аздисано трошење“, се вели во соопштението.

На почеток