Ким го надгледуваше тестирањето на најновата ракета
Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун го надгледуваше тестирањето на новата интерконтинентална балистичка ракета.
Тој повика на поинтензивен развој на стратешко оружје и обука на тактички нуклеарни единици, објави државната новинска агенција КЦНА.
Ким рече дека најновиот тест потврдува дека севернокорејските нуклеарни сили се способни да спречат каква било нуклеарна закана, објави Ројтерс.
Тој додаде дека американските непријателски сили го охрабруваат Пјонгјанг да го забрза подобрувањето на својот нуклеарен арсенал за да ја одврати заканата.
Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада изјави претходно денеска дека проектилот истрелан од Северна Кореја има способност да прелета 15.000 километри.
Ракетата од класата на интерконтинентална балистичка ракета (ICBM) достигна височина од 6.000 километри покривајќи дострел од 1.000 километри на нејзината нагорна траекторија и слета на околу 200 километри западно од островот Ошима во северната префектура Хокаидо, соопштија јапонските власти.