Свет

„Канада ќе го зголеми своето воено присуство“, вели министерката за одбрана

Канада ќе го зголеми своето воено присуство во Индо-Пацификот, изјави денеска министерката за одбрана Анита Ананд.

Канада ќе го зголеми своето воено присуство како дел од сеопфатната стратегија за регионот што ќе биде објавена наскоро, рече Анита Ананд.

„Нашата стратегија ќе ја позиционира Канада како лидер во промовирањето на мирот и безбедноста во регионот“, рече Ананд на Меѓународниот безбедносен форум во Халифакс, пренесе Ројтерс.

Како што додаде таа, Канада ќе го зголеми своето воено присуство и ќе ги подобри одбранбените и безбедносните односи со партнерите и сојузниците во регионот.

На почеток