Германија одлучи: За студенти – 200, за вработени и пензионери – 300 евра
Германската влада донесе одлука да исплати 200 евра еднократна помош за да ги ублажи последиците од поскапувањето на енергенсите на учениците и учесниците во стручните училишта.
Околу 3,4 милиони ученици и учесници во стручните училишта во Германија треба да имаат корист од оваа мерка, која е дел од пакетот помош за германските граѓани, кој треба да ги ублажи финансиските последици од поскапувањето на енергенсите, особено на гасот, пишува Индекс.
Студентите можат да поднесат барање за плаќање на посебна веб-страница, а условот е на 1 декември годинава да се запишат на некој од факултетите во Германија и да имаат регулиран престој во оваа земја.
Покрај овие 200 евра, 575 евра помош за зголемените трошоци за парно веќе им се обезбедени на студентите со послаба финансиска состојба кои се во државната програма за кредитирање на студиите.
Вработените и пензионерите ќе добијат по 300 евра како дел од пакетот помош. Пакетот за помош предвидува наплата на сметките за бензин за декември и воведување горна граница за цената на гасот од март следната година. Над 300 милијарди евра се издвоени за вкупно три пакети помош од федералната влада, кои треба да ги ублажат финансиските последици од значителното зголемување на цената на енергенсите.