Се затвара Мекдоналдс во Белорусија, Лукашенко: И ние знаеме да исечеме леб и да ставиме парче месо внатре


Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска се насмеа на заминувањето на Мекдоналдс од неговата земја, каде што ќе биде заменет со руски ланец ресторани за брза храна.
Мекдоналдс од 22 ноември ќе работи во Белорусија под името „Tasty and point“, што е името на рускиот синџир што ги презеде рестораните на американската компанија во Русија, пренесува Индекс. Официјално објаснување не беше дадено.
„Фала му на Бога што заминува! рече Лукашенко во петокот за време на состанокот со работниците од земјоделскиот и прехранбениот сектор.
„Мораме да го направиме она што Мекдоналдс го правеше“, рече тој. „Знаеме и да исечеме леб и да ставиме парче месо, да испечеме пржени компири и да направиме салата“, рече Лукашенко.
Ресторанската франшиза KSB Victory, која управува со рестораните на Мекдоналдс во Белорусија, на 11 ноември објави дека наскоро ќе го промени името во „Tasty and point“ како во Русија.
Првите ресторани под тоа име беа отворени во Русија на 12 јуни, наместо Мекдоналдс, кој ја напушти земјата поради рускиот напад врз Украина на 24 февруари. Многу други странски брендови како Coca-Cola, H&M и Ikea го направија истото.
