Фокс Њуз: Трамп и предложи на Канада да станат 51-та држава на САД
Доналд Трамп му предложи на канадскиот премиер Џастин Трудо минатата недела дека ако царините за неисполнување на трговските и имиграциските проблеми би ја убиле економијата на соседна Канада, можеби Канада треба да стане 51-та американска држава, дознава Фокс њуз.
Минатиот петок, Трудо направи непланирано патување за да се сретне со Трамп во Мар-а-Лаго, откако идниот американски претседател се закани дека ќе воведе високи царини за канадските производи. Поточно, Трамп се заканува дека ќе воведе царини од 25% на Канада и Мексико поради, како што вели, нивната неможност да го запрат протокот на илегални имигранти и наркотици од тие земји во САД.
Според Фокс њуз, според две лица кои биле на масата и го слушнале разговорот, Трамп, иако љубезен и срдечен, бил многу директен за тоа што очекувал од северните соседи.
Thanks for dinner last night, President Trump. I look forward to the work we can do together, again. pic.twitter.com/lAWFMTtQt7
— Justin Trudeau (@JustinTrudeau) November 30, 2024
Парафразирајќи го разговорот, Трамп му рече на Трудо дека Канада ги поразила САД со тоа што дозволила големи количини на дрога и луѓе да ја преминат границата, вклучително и илегални имигранти од повеќе од 70 различни земји.