Полицијата во Велика Бристанија започна потрага по момче кое украло ротациско светло од полициско возило.
Според медиумите ова е лош потег на момчето, бидејќи тој бил снимен од надзорните камери.
На фотографиите може да се забележи како момчето држи сино ротациско светло и изгледа задоволно поради тоа што го направил.
Инцидентот се случил на 26 декември 2018 година околу 5 часот утрото, а полицијата побара од граѓаните да се јават доколку имаат некаква информација за него.