Во центарот на Париз утрово дошло до експлозија, а според неофицијални податоци повредени се 15 лица меѓу кои еден пожарникар.
LIVE from the scene of explosion in central Paris (Part 2)READ MORE: https://on.rt.com/9m69
Posted by RT on Saturday, January 12, 2019
Полицијата соопшти дека експлозијата веројатно била предизвикана од истекување на гас во пекара во центарот на градот. Портпаролката на полицијата во Париз изјави дека пожарникарите моментно се наоѓаат на местото на експлозијата. Таа рече дека неколку лица биле повредени, но за среќа загинати нема.
Live from #Paris pic.twitter.com/McPzTNBLjJ
— Jet (@Jetlumm) January 12, 2019
Како што изјави таа засега точниот број на повреди не се знае. Голем број полицајци, како и тимови на Брзата помош се присутни на самото место, а од населението се бара да ја избегнува областа каде што се случила експлозијата.