Македонија

Ковачевски најави ново покачување на пензиите и платите

Со сето мое 22 годишно менаџерско и економско искуство и знаење ви велам ќе успееме заедно, глобалната криза ќе ја поминеме со најмалку можни последици и од наредната година ќе биде подобро. Тоа го потврдувата и економските проекциите, не само моите, не само на владата, туку оние проекции на ЕБОР кои покажуваат дека следната година македонската економија ќе расте со 2,3 отсто, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вечерва од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Охрид.

– Ќе се живее подобро затоа што ќе има ново покачување на пензиите и платите. Новиот пат на кој што сум спремен да водам е пат на економски пресврт за секое семејство за секој бизнис до крајот на следната година. Стапка на очекуван раст многу поголема отколку просечниот раст во еврозоната кој ќе изнесува 0.3 отсто, исто така според проекциите на ЕБОР. Тој раст ќе го оствариме со нови странски инвестиции, со нови работни места и зголемен раст на производството и извозот. Ајде заедно да го создадеме новиот европски пат, новата македонската иднина! Рече претседателот Димитар Ковачевски, вечерва од граѓанската трибина „Силно и одлучно кон иднината“ во Охрид.

На почеток