Денес облачно со врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа).
Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава.
Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје облачно со врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта ќе бидат пообилни и поројни.
Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне.
Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 15 степени