Руски гигант ги откупува преостанатите залихи на производите на Икеа во Русија
Компанијата Јандекс маркет објави дека се согласила да ги купи преостанатите залихи на производителот на мебел Икеа, кој ги затвори своите продавници во Русија.
„Јандекс“ потпиша обврзувачки документ за купување на повеќе од 20 милиони производи на ИКЕА, од мебел до кадифени играчки, кои остануваат по финалната онлајн продажба летово“, се вели во соопштението, додавајќи дека руската компанија ќе започне со продажба на тие предмети пред крајот на годината, пренесуваРојтерс.
Икеа одлучи да ги затвори продавниците во Русија по инвазијата на Москва на Украина во февруари оваа година, приклучувајќи им се на многу други западни компании, од производители на енергија до синџири за храна и облека, кои ја напуштија земјата.
Мастер франшизата Ingka, која ги поседува повеќето продавници на Икеа во светот, вклучително и оние во Русија, минатиот месец рече дека не одлучила дали ќе ги продаде своите продавници на Икеа во Русија, кои генерираат околу 4,0 отсто од вкупниот приход на групацијата во 2021 година.
Неговите трговски центри во Русија сè уште се отворени.